Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Институтот за педагогија на Филозофски факултет при УКИМ ќе одржат бесплатни обуки на тема: „Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците“. Обуките ќе се одржат на 27 и 28 мај (понеделник и вторник), во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет, Скопје.

Обуките се наменети за педагозите, библиотекарите, дефектолозите, директорите, одделенските наставници и предметните наставници по македонски јазик во основните училишта. Бројот на пријавени учесници од секое училиште поединечно е неограничен.

Обуките ќе ги реализираат: проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ, проф. д-р Анета Баракоска, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и група практичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.