47,8 проценти од студентите на УКИМ одговориле дека биле во ситуации каде биле присутни на кажани сексуални шеги од нивните професори кон нив.

21,3 проценти кажале дека дел од професорите им се обраќале со зборовите: кукле, маче, злато и девојче, а дел од нив кажале дека професорите им давеле коментар и за нивниот физички изглед.

Скоро никој од студентите немал храброст да му укаже на професорот дека се чувствува непријатно за одредени коментари кои ги упатиле кон нив. Според истражувањето мал број на професори побарале сексуални услуги од студентите за да студентот или студентката положи испит.

Според истражувањето 88.5 проценти не знаат каде да пријават сексуално вознемирување на факултет. Учесниците во истражувањето апелираат оние кои имаат вознемирување може да пријават во деканот на матичнот факултет, во полиција и кај правобранителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.