На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.

Мерката е одобрена откако федерацијата потпишала протокол со министерството за здравство за намалување на користењето сол и шеќер.

Јениџе изјави дека по потпишувањето на протоколот почнала обука на мајстори готвачи за да биде намалено користењето на сол и шеќер во јадењата.

СЗО има норма од една лажичка сол дневно во храната, а тоа ниво во Турција, според Јениџе, е над 2 лажички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.