Тра­ди­ци­о­нал­но, во Ма­ке­до­ни­ја се­мејс­тво­то се со­би­ра на ве­че­ра на Бад­ник. Се под­го­тву­ва бо­га­та тр­пе­за иск­лу­чи­тел­но со пос­на хра­на: пи­ту­ли­ци, сар­ма, грав, ком­пир, ри­ба, зел­ник, овош­је и дру­го, што тре­ба да обез­бе­ди бо­гат род на зем­јо­дел­ски­те кул­ту­ри во след­на­та го­ди­на.

Во делови од земјата, на тој ден се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од кравај­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Во останатиот дел, пак, аде­тот со па­рич­ка се пра­ви на Стара нова година и на Ва­си­ли­ца.

Црквата е јасна по ова прашање – за Бад­ник тре­ба да си до­ма, но питата со па­ри­че ­се врти за Ва­си­ли­ца!

Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај.

Единс­тве­но оправ­да­но пре­да­ние што цр­ква­та го ка­жу­ва се­ко­гаш е де­ка па­рич­ка­та се кр­ши са­мо на Ва­си­ли­ца и тоа е по­вр­за­но со жи­во­то­пи­сот на све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки. Та­му има ед­на случ­ка ко­га тој, ко­га до­а­ѓал ца­рот што са­кал да го раз­ур­не гра­дот, со­би­рал па­ри за да го под­ми­ти, на не­кој на­чин да го оми­ло­сти­ви да не го пра­ви тоа, да не им на­ште­ти на лу­ѓе­то, об­јас­ну­ва Отец Бо­бан од скоп­ска­та епар­хи­ја.

Спо­ред не­го, ца­рот за­ги­нал и не до­шол до гра­дот, по што све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки се ис­пра­вил пред ди­ле­ма­та ка­ко да им го вра­ти бо­гат­ство­то на лу­ѓе­то.

А не да­вал се­кој исто. Тој на­ре­дил на град­ски­те фур­ни да за­ме­сат ле­бо­ви и да исту­ра­ат па­рич­ки, ка­де кол­ку ќе им дој­де. По Бож­јо чу­до, се слу­чи­ло кој кол­ку дал тол­ку и да му се вра­ти. Ток­му по­ра­ди тоа пре­да­ние ние ја од­бе­ле­жу­ва­ме се­ко­ја Ва­си­ли­ца со ста­ва­ње па­рич­ка во леп­че­то. Ние се се­ќа­ва­ме на чу­до­то што го на­пра­вил Бог пре­ку све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки – ве­ли Оте­цот.

 

Ка­ква ка­те­го­ри­ја е сре­ќа­та?! Ме­не ќе ми пад­не па­рич­ка­та и јас ќе имам сре­ќа. Зо­што Бог би изд­во­ил не­ко­го да би­де по­сре­ќен од дру­ги­те за­тоа што ќе му пад­не па­рич­ка?! Јас сме­там де­ка тој оби­чај, кој е по­ве­ќе фолк­ло­рен откол­ку ре­ли­ги­о­зен и вер­ски, тре­ба по­ле­ка да уги­ну­ва за вре­ме на Бад­ник и да се пра­ви за вре­ме на Ва­си­ли­ца, до­да­ва отец Бо­бан.

Историја на паричката

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограби градот.

Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Годпод Исус Христос второто за Пресвете Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.