Многу обичаи за Бадник се пагански, а црквата подоцна им дала христијанско обележје. Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме.

Од верувањата кои останале до денес е и она дека на Бадник треба да се јаде афион, бидјеќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.

За Бадник се кршат и ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде расипано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.