Медиумите постојано шпекулираат за односот меѓу кралските снаи Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Во неколку наврати двете беа забележани заедно а стручнаците за говор на тело дури и откриваа во каков однос анализирајки ги нивните движења.

Мислам дека се во добар однос и проаѓаат доста време заедно. Меган е секогаш добродојдена кај Кејт, а наводно често сака да се дружи со нејзините дечиња. Мислам дека приказните за лошиот однос се само медиумски претпоставки бидејќи по ништо не може да се заклучи дека не се согласуваат – тврди Кејти Никол, авторка на книгата за пронцот Хари, која со години ги следи случувањата на кралското семејство.

Таа додава дека сепак тие две не може да бидат најдобри пријателки.

Очигледно е дека Кејт и Меган се сосема различни личности. Растени се во различни семејства и околина и немаат исти интереси. Меган е прилично самостојна и самоуверена, па веројатно во Лондон ќе си створи свој круг на пријатели за да не мора да зависи од Кејт – тврди Никол, која претпоставува дека снаите ќе се зближат повеќе откако Меган ќе стане мајка, бидејќи така ќе проаѓаат повеќе време заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.