Последниве неколку години градовите се претворени во змијарници и кај нас, но и во соседна Србија. Секое лето порталите се полни со вести за змии вдомени во визби, но во последно време често информираме за змии на кои им недостига топла постела. Неодамна кавадарчанка била пречекана во постелата од опасен влекач, а деновиве истата непријатност му се случила на семејство од Нови Сад, кое престојувало на плажата Штранд на Дунав.

Млади новосаѓани биле на плажата со 4-месечната ќерка кога во количката на бебето кое спиело се вовлекла змија. За среќа, мајката навреме ја забележала и го спасила бебето.

Змијата се вовлекла додека ќерка ми спиеше во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележа на време и веднаш го извади бебето, раскажал вознемирениот татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.