Богатството што беше во сопственост на принцот Филип не е најголемо во кралското семејство, но тој, сепак, имаше значителна сума за време на неговиот живот. По неговата смрт, неговото богатство е проценето на 11,5 милиони евра.

Како што пренесуваат странските медиуми, наскоро би требало да се покрене постапка за делење на неговото наследство.

Според експертите за кралското семејство, најголемиот дел од неговото богатство ќе заврши на сметката на кралицата Елизабета Втора, но она што фасцинира многумина е начинот на кој принцот го стекнал богаството.

По смртта на неговиот татко, Андреј од Грција и Данска, принцот Филип наследил некои вредни предмети, вклучително и златен прстен со печат. Но, во моментот кога првпат ја запознал својата идна сопруга, принцезата Елизабета, Филип бил само поручник во Кралската морнарица.

Секако, сè се сменило во моментот кога тој станал член на британското кралско семејство. Кога се сретнал со сликарот Едвард Сиго, кој го научил да слика, Филип станал добар познавач, но и колекционер на уметности. Се проценува дека во неговата богата колекција принцот Филип имал околу 2.000 уметнички дела, од кои некои достигнуваат цена до 55 илјади евра.

Покрај богатата колекција на слики, принцот Филип имал уште поголема колекција на книги, околу 13.000 примероци, проценети на неколку милиони евра. Филип добивал и парламентарна пензија од 400 илјади евра годишно, како и приходи од разни инвестиции и донации што ги добивал од неговите колекции.

Засега се знае само дека од целото негово наследство неговата внука Лејди Луиз ќе наследи две пони коњчиња и кочија, поради заедничката страст што таа и нејзиниот дедо ја делеле кон овие животни.

Од 1910 година, кралското семејство го следи правилото дека деталите за тестаментот не стигнуваат до јавноста, но ова не е официјална одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.