Синот на пејачот и продуцентот Боби Браун е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес.

Се уште не е соопштена причината за смртта на Боби Браун Јуниор.

Пред Боби Јуниор, почина и ќерката на Боби Браун, Боби Кристина Браун (22). Таа почина во јули 2015 година, како резултат на оштетување на мозокот. Претходно поминала шест месеци во кома, а била пронајдена во бесознание во бања, во нејзиниот дом во градот Росвел, Џорџија.

Погребана е во Њу Џерси, покрај нејзината мајка, познатата пејачка Витни Хјустон, која почина на 48-годишна возраст од последиците од конзумирање наркотици.

Боби Браун, кој се прослави со хитот “My prerogative” во 90-тите години, често зборуваше за својата покојна ќерка, а исто така планираше да изгради дом за жени жртви на семејно насилство во спомен на неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.