Легендарниот актер Аљоша Вучковиќ имал големи проблеми со својата ќерка Леана, која добар дел од животот го поминала на одвикнување од наркотици.

Леана тргнала по стапките на славниот татко, ама посегнала по темната страна. Семејството со години се трудело да ја изведе на прав пат. Леана со години се  борела со зависноста од тешки наркотици, а познатиот актер давал се од себе во борбата да ја извлече од канџите на наркоманијата и да и го спаси животот.,

Леана Вучковиќ во 1999 година запишала Факултет за драмски уметности, заедно со Слобода Мичаловиќ, Катарина Радивојевиќ, Ана Франиќ…

Припаѓала на класата на Предраг Бајчетиќ и била една од најталентираните во неа, но тогаш нејзиниот живот тргнал надолу. Почнала да користи наркотици и малку по малку да го губи тлото под нозете.

Нејзините родители биле очајни, ама не се предавале и верувале дека спас има.

Леана водела долгогодишна борба со зависност од наркотици, а на крај завршила во затворска болница, на одвикнување.

Она што можам да кажам е дека мојата ќерка не е во затвор, туку на лекување од затворен тип. Мислам дека сите луѓе би требало да ги пуштат поединците и нивните најблиски, своите проблеми да ги решаваат сами и онака како што најдобро знаат – изјавил тогаш актерот.

Леана се извлече од пеколот на дрогата, денеска предава на Универзитетот Џон Незбит, има дете и се чини дека го средила животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.