Ѕвездата на шоуто „Д Војс Мексико“, Џери Демара, почина во понеделникот претпладне во 42 година од животот, а медиумите пренесуваат дека умрел поради компликации од Ковид 19.

48 часа пред смртта, Латиноамериканецот кој е номиниран за Греми, рекол дека трпи неподосливи болки, откако самиот на себе си ставал инјекции со витамини во задникот.

Во болница сум, бидејќи имам проблеми со задникот. По грешка три дена си вбризгував витамини во исто место – рекол тој по неговиот прием во болница.

Завчера ја примив последната доза. Шест часови мојата болка е огроман, на скалата до 10, болеше 12, додал тој.

Не е позанто кои витамини Демера ги вбризгувал. Тој потоа е примен во болница во Калифорнија поради повраќање и состојбата на делириум во која бил.

За време на снимката која ја снимал во живо на Фејсбук, Демера правел страшни гримаси од болка и тешко дишел, а зборувајќи на шпански се жалел на лекувањето во болницата. За жал два дена после снимање на видеото, починал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.