Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, заедно со неговата сопруга Анита, им се придружија синоќа на големиот број на навивачи на плоштадот во Приштина кои на отворено го следеа натпреварот Косово-Англија.

Првиот гол на Косово во правата секунда од натпреварот им донесе голема радост на многумина Косовци, пренесува Клан Косова.

Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита го прославија овој момент со жежок бакнеж.

Расположението на парот Харадинај не го променија ниту петте гола што ги доби Косово во остатокот од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.