Случувањата во првиот ред за време на погребот на 41 претседател на САД, Џорџ Буш постариот, набрзо станаа “врела” тема за американските медиуми.

Распоредот на седење бил таков што Меланија и Доналд Трамп требало да седат покрај своите претходници во Белата Куќа, Барак и Мишел Обама.

Но, во моментот кога пристигнале, претседателот на САД одлучил кратко да се поздрави со Обама, а притоа потполно ги игнорирал Клинтонови, кои исто така седеле во првиот ред.

Трамп ја оставил Меланија да го испочитува протоколот додека тој си го слекува капутот. Потоа му пружи рака на Брак Обама, а потоа и на Мишел, и веднаш си седна на своето столче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.