Земјотресите од неделата предизвикаа штети и врз манастирот „Св. Ѓорѓи“ во селото Велушина, кое е во близина на македонско-грчката граница, многу блиску до епицентарот на земјотресите кои деновиве се случуваат во овој регион, објави ТВ Тера од Битола.

Според фотографиите објавени на фејsбук страницата на Бистричка парохија, оштетувања има и во внатрешниот и надворешниот дел на манастирот.

Пукнатини на ѕидови, тавани, фрески, фасади, оштетувања и на подовите, ваква е сликата по силните потреси.

Инаку од денеска започна пријавувањето на штети од земјотресите. Пријавите се доставуваат на шалтерите на Општина Битола.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.