Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 31 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда 3,4, а почувствуван e од населението во Пехчево, Делчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.