Забавниот парк Дизнилед во Шангај денеска е затворен откако е откриен коронавирус кај еден посетител.

Не е соопштено кога повторно ќе биде отворен забавниот парк.

Кина беше првата земја погодена со Ковид-19 кон крајот на 2019 година, но и прва држава која во голема мера ја контролира епидемијата од пролетта 2020 година по воведувањето на рестриктивните мерки.

Кинеските власти ја следат политиката на нулта контаминација, посебно пред планираните Зимски олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.