Кралскиот суд во Бредфорд, Англија пресуди три години затвор за 37-годишниот Рехан Бег,  поради неговото „расипано и изопачено однесување за презир“. Тој до крајот на животот ќе запишан и во регистарот за сексуални престапници.

Неговата сопруга, која избегна затворска казна поради тоа што трпела семејно насилство од Рехан, исто така ќе биде регистрирана како сексуален престапник, но само седум години.

И на двајцата им е забрането да чуваат домашни миленици.

Случајот кој ја потресе британската јавност започна откако беа откриени вознемирувачките видеа на брачната двојка.

Во подрумот на нивниот дом во Бредфорд, Бег имал секс со домашната живина, додека неговата сопруга Халима го снимала. Видеата на кои тој ги злоставува кокошките биле зачувани во комјутерот под името „семејни видеа“.

На едно од нив Халима му се придружува на „акцијата“ на сопругот со милениците.

На суд беше откриено и дека две од кокошките умреле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.