Љубопитно мече во близина на рускиот град Петропавловкс – Камчатка, во петокот, им пришло на двајца мажи кои спиеле на тревата. Откако помирисало еден од нив, се обидело да им се приближи и му зачекорил на ногата.
Мажот веднаш вреснал и станал и се обидел да го разбуди својот успиен пријател. За среќа, младото мече подеднакво се исплашило и се минало без инциденти.
На сцената и сведочеле барем двајца луѓе кои разговарале додека мечето се приближувало на успиената двојка и не направиле ништо да ги предупредат, што многумина го осудиле на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.