Лорен Симонс e белгиско-холандскo чудо од дете кое заврши средно за година ипол, а факултет за една година. Симонс доаѓа од белгискиот приморски град Остенде.

Приказната за Симонс , кој само што дипломираше физика на Универзитетот во Антверп на возраст од 11 години, ја пренесува холандската држана телевизија НОС.

Не ми е важно што сум најмлад. За мене најважно е да доаѓам до знаења – вели малиот Лорен.

До дипломата за физика, која вообичаено се добива за три години, тој дошол за повеќе од двојно пократко време. Особено е заинтересиран за класична механика и квантна физика.

Ова е прво парче од мозаикот на мојата главна цел, постигнување бесмртност – вели малиот вСимонс, кој се надева дека физиката ќе го одведе кон неговата цел за замена на трошните човекови делови со механички замени.

Најмладо лице во светот кое доби универзитетска диплома беше Американецот Мајкл Керни кој во 1994 година дипломираше антропологија во Јужна Алабама, на 10 годишна возраст. Подоцна реши да го наплати интелектот преку квизови: на еден доби милион долари, но на Милионер само 25.000 долари, додека на некои квизови не успеваше да мине ни елиминации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.