Последната недела пред крајот на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово.

Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната.

Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот.

Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка. На Велики понеделник црквата потсетува на старозаветниот Јосиф кого браќата го продале за 20 сребреници, но тој се спасил и подоца станал владетел на Египет.

Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите Христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.

Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.

На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.