Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан ќе донираат 300 милиони долари за поддршка за „безбедно и сигурно гласање во државите“ во пресрет на претседателските избори во САД, пишува Аксиос.

Донацијата ќе биде поделена помеѓу две институции. Центарот за технички и граѓански живот (ЦТЦ) и Центарот за изборни иновации и остажувања (ЦЕИР). Првично ќе бидат донирани 250 милиони долари, а подоцна уште 50 милиони.

Колку повеќе се фокусирав на овие избори, толку повеќе почувствував дека двете институции  треба да осигураат дека локалните окрузи и држави имаат доволно ресурси што им се потребни за да се справат со овие непредвидени услови, и дека луѓето се свесни дека инфраструктурата е воспоставена и дека секој глас ќе се преброи за да можат да се прифати резултатот од изборите како легитимен, изјави Закерберг за „Аксиос“.

Државниот секретар на Мичиген, Жозелин Бенсон и државниот секретар на Охајо, Френк Лароуз, ја одобрија посветеноста на Зукерберг и Чен за промовирање на точни информации за гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.