Државните службеници на американската држава Вашингтон признале дека има случаи во кои луѓето убиени со огнено оружје се сметаат за жртви на коронавирусот.

Д-р Кејти Хачерсон, менаџер за статистика во Министерството за здравство на Вашингтон, изјави дека има случаи на починати запишани како жртви на корона, иако е очигледно дека причината е сосема друга, пренесува РТ.

Имаме најмалку пет смртни случаи меѓу жртвите од Ковид-19, за кои сме сигурни дека се од други причини, затоа што станува збор за луѓе кои починале од прострелни рани“, рече Хачинсон.

Таа додала дека „има бројни нијанси во податоците што се објавуваат“ и дека често е многу тешко, особено брзо, да се објави точната причина за смртта.

Иако е јасно дека луѓето кои починале и се позитивни на коронавирусот понекогаш можеле да починат од друга причина, не е јасно како убиените завршиле во таа статистика. Затоа Хачинсон изјавила дека ќе се изврши ревидирање на статистиката на смртност.

Таа додала дека има уште 20 или 30 случаи на луѓе кои се наведени како починати од коронавирусот, иако не е сигурно дали починале од инфекција или некоја друга болест и додала дека понекогаш се потребни шест месеци за да се утврди причината за смртта.

Хачинсон смета дека бројот на мртви всушност може да се потцени, бидејќи се верува дека уште 3.000 мртви се жртви на коронавирусот, но тоа не е потврдено.

Слични ревизии на смртност биле извршени и во други американски држави, па минатата недела Колорадо го намалил бројот на починати за речиси 300, од ​​1.150 на 878.

Ревизијата е извршена откако во јавноста се дозна за случаи во кои е јасно дека луѓето не умираат од Ковид-19, како што е случајот со човек кој починал од труење со алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.