Познатиот инженер кој летал со ракета од домашно производство, Мајк Хјуз, попознат како Лудиот Мајк, починал за време на еден од неговите експерименти, во саботата во САД, според „Лос Анѓелес Тајмс“, повикувајќи се на неговиот агент.
Широката публика го запамтила Лудиот Мајк заради верувањето во теоријата дека Земјата е рамна плоча. Тој минатата година за агенцијата АП изјавил дека Земјата е има облик на фризби и дека има намера да лета во вселената за да се увери во тоа.
Вчера Хјуз планирал да с екрене на висина од 5.000 метри на ракета од домашна изработка во пустината, во близина на градот Бастро, Калифорнија. Видеото, снимено од собраните граѓани, го прикажува лансирањето на ракетата, проблемот со отворањето на падобранот и смртоносниот пад на астронаутот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.