Српската манекенка Алиса Миленковиќ и албанскиот фудбалер Берат Димишити наскоро ќе станат родители.

Алиса останала бремена со фудбалерот на Атланта, а среќната вест ја споделија со своите следбеници на Инстаграм.

Берат е роден во Швајцарија, а по потекло е до Косово. Додека играл за Цирих ја запознал згодната Србинка. Во среќна љубовна врска се повеќе од пет години и никогаш не дозволиле лошите односи на двете нации да влијаат на нивната љубов. Нивната забранета љубов, како што многумина ја нарекуваат, дојде во центар на вниманието во 2015 година, пред гостувањето на Србија во Албанија.

Медиумите во 2016 пишуваа дека Алиса го напуштила фудбалерот. Албанецот после бил целосно скршен, пател за Србинката. Меѓутоа, набрзо следувало помирување, а подоцна и веридба.

Среќниот пар, кој во моментов живее во Италија сега го чека првото дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.