Ќерката на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, Џенифер Гејтс, ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19, при што се пошегува за бројните теории на заговор за тоа.

За жал, вакцината не го всади мојот генијален татко во мојот мозок. Ех, мРНА да ја имаше таа моќ – напиша Џенифер на Инстаграм.

Џенифер, 24-годишна студентка по медицина, објави и фотографија со маска и налепница на која пишува дека ја примила вакцината.

Јас сум повеќе од привилегирана да ја примам својата прва доза на мРНА за да ги научам моите клетки да додадат заштитен имунолошки одговор на вирусот. Како студентка по медицина, која сака да стане лекар, благодарна сум што ова ќе ми даде заштита и сигурност во идната пракса. Ги охрабрувам сите повеќе да читаат и да го разгледаат тоа (вакцинирањето) за себе и за своите семејства кога ќе им се пружи можност. Колку повеќе луѓе се имунизирани, дотолку нашите заедници ќе бидат побезбедни за сите – порача Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.