За прв пат по повеќе од 100 години, властите на Рио де Жанеиро го одложија славниот карневал поради пандемијата на коронарниот вирус.

Карневалот беше закажан за февруари 2021 година, но бидејќи Бразил има сè повеќе заразени и починати од Ковид-19, ситуацијата е неизвесна и официјалните лица одлучија да го прекинат карневалот. Нов датум сè уште не е утврден, пренесува Дојче веле.

Дојдовме до заклучок дека овој настан мора да се одложи. Едноставно не можеме да го направиме тоа во февруари. Училиштата за Самба нема да имаат време или пари или организациски ресурси за да се подготват, рече Хорхе Кастанхеира, претседател на Лигата на училиштата на Самба во Рио де Жанеиро (ЛИЕСА), група која ги организира годишните паради.

Карневалот во Рио е една од најголемите атракции во светот, која привлекува милиони туристи во овој крајбрежен град секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.