На листата на 500 најуспешни компании во светот 133 фирми се од Кина, Хонгконг и Тајван, како и 121 претпријатие од Соединетите држави.

Големата слика е следна: Прв пат имаме повеќе „Фортун Глобал 500“ компании базирани во Кина и Хонгконг отколку во САД, пишува магазинот Фортуне, кој секоја година ја објавува листата.

Понатаму се наведува дека овие 500 компании во 2019 година оствариле приход од 33,3 илјади милијарди долари и профит од две илјади милјарди долари. Ширум светот запослуваат речиси 70 милиони луѓе, пренесува Танјуг.

На прво место на листата е американската корпорација „Волмарт“. Најголемата кинеска државна нафтена групација „Синопек“ е на второто место, додека на трето и четврто место се нашле две кинески државни компании, државното електростопанство „Стејт грид“ и „Чајна Нешнл Петролеум“.

Во првите 50 места има 12 кинески компнаии, меѓу кои четири банки.

Кинескиот технолошки гигант Хуавеј оваа година го зазема 49 место на листата, а после Хуавеј е Кинеската групација за железнички инженеринг.

Глобалното тргување е мотор за успех на глобалните компании. Способноста за барање нови пазари и извозот исто така се пресудни фактори, наведува магазинот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.