Англиската компанија „The Naked Cleaning Company“ нуди несекојдневни услуги за чистење на куќи. Вработените својата работа ја извршуваат полу или сосема голи.

Работничките бришат прашина, поминуваат со правосмукалка и чистат прозори, а постојат три опции: чистење по долна облека, топлес или екстремната варијанта – без никаква облека на себе.

Цената за чистење е 75 евра од час за топлес или долна облека и 95 евра од час доколку работничката е целосно гола.

Условите се строги, па така клиентот мора да биде на минимум два метра од работничката, а услугите се договатаат преку сигурен систем за резервација. И вработените и клиентите пред договорот поминуваат низ низа на проверки.

Но, според сопственичката на компанијата, 33-годишната Ники Белтон од Кент, и покрај ова бизнисот цвета, посебно за време на пандемијата. Таа ветува дека фирмата наскоро ќе нуди услуги ширум светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.