Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој престојува во Белград, денеска разменија интереси подароци за време на средбата, пренесуваат српските медиуми.

На инстаграм профилот на Претседателството на Србија објавени се фотографии од подароците кои си ги размениле.

 

View this post on Instagram

 

“Srpska vina i tabakera, za dragog prijatelja.” – Razmena poklona sa ministrom spoljnih poslova Ruske Federacije Sergejem Lavrovom.

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

Претседателот Вучиќ на Лавров му подари колекција српски вина како и табакера.

Српски вина и табакера, за драгиот пријател. Размена на подароци со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, пишува во објавата под фотографиите.

На последната фотографија се гледа дека српскиот претседател од Лавров доби монографија од една од најголемите уметнички институции во Москва, државната Третјаковска галерија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.