Пејачката Емина Јаховиќ (37) по раскинувањето на врската со милијардерот Седатин Саран (55) наводно ја обновила врската со поранешниот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал (49).

Имено пејачката и нејзиниот поранешен сопруг Новата година ќе ја дочекаат заедно во нивниот стан во Истанбул а друштво ќе им прават нивните синови Јавуз и Јемен.

Емина и Мустафа се решија да и дадат уште една шанса на својата љубов. Неодамна се видоа на вечера и отворено поразговарале. Двајцата си признаа дека уште постојат емоции помеѓу нив и дека е најдобро повторно да живеат под ист кров. Оваа одлука ја донесоа најмногу поради синовите кои на двајцата се центарот на светот – вели извор за српските медиуми.

Тој додава дека по болното раскинување со милијардерот Саран на Емина поранешниот сопруг и дошол како мелен на душата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.