Сликата „Млад човек со диск“ на Сандро Ботичели, се очекува да достигне 80 милиони долари на наддавање на аукциската куќа „Сотби“, што се одржува во Њујорк

Уметничкото дело за кое се верува дека е насликано 1470-тите или 1480-тите, се смета за еден од најдобрите портрети на Ботичели и е најзначајниот дел од продажбата на „Мастер неделата“ на „Сотби“.

Сликата со димензии 58 на 39 сантиметри прикажува момче во доцните тинејџерски години со долга „златна“ портокалова коса, како држи диск на кој има брадест светец.

Оваа слика ја симболизира и прикажува ренесансата во Фиренца. Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот… Тоа е ремек-дело! – објаснува потпретседателот на аукциската куќа, Кристофер Апостел.

Наддавањето ќе биде виртуелно. На него ќе се најде и „Портретот на Адел Блох-Бауер Втори“ од Густав Климт, кој беше продаден за 87,9 милиони долари во 2006 година, потоа „Портретот на д-р Гачет“ на Винсент ван Гог, кој достигна цена од 82,5 милиони долари во 1990 година, како и една од 136-те слики со библиски мотиви на Рембрант. „Абрахам и ангелите“, за која се очекува да достигне цена меѓу 20 и 30 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.