Еден од најпознатите криминалци од деведесеттите години во Србија, Кристијан Голубовиќ пред неколку дена излезе од затвор откако ја отслужи казната. Но, слободата кратко му траеше.

Познатата ријалити ѕвезда управувал автомобил „Мерцедес“ во кој имало уште четири лица. Покрај тоа што имал фалсифиувана сообраќајна дозвола, Кристијан имал и регистарска табличка на која било напишано неговото име.

На автомобилот стоело само „BG-KRISTIJAN“. Оригинално, нема што.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.