На дното од визбата на една зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра, во различни, а во понеделникот ги открила жената која сакала да го продаде станот, јави дописникот на МИА.

Куферот, според пишувањето на „Паризиен“, можно е да бил поврзан со случај на перење пари. Отворена е истрага за пронаоѓање на неговиот сопственик.

Не сме завршиле со броењето. Но, има меѓу 500.000 и 600.000 евра, особено во апоени од 500, 100 и 50 евра, го пренесува својот извор парискиот весник.

Ова лето, една педесетгодишна жена, наследничка на станот на нејзината мајка, ја почнала продажбата на имотот лоциран во луксузниот 7-ми арондисман, недалеку од Шам-де-Марс (Ајфеловата кула).

Таа задолжила агенција за недвижнини да го процени станот, но кога сакала да го измерат делот од визбата поврзан со имотот, проценителот наишол на врата со катанец. Во август била поставена белешка во влезот на зградата, за да се побара од евентуалниот „невнимателен сосед“ да ја ослободи визбата. На повикот немало никаква реакција, па новиот сопственик одлучил во понеделник да повика бравар. Во тој процес, проценителот го пронашол неверојатното богатство, што веднаш го пријави во полиција.

Истрага отвори париското Обвинителство и ја води Бригадата за финансиски истраги на париската судска полиција, специјализирана за случаи за перење пари и фалсификувани пари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.