Во Крагуевац, Србија, почина бебето кое беше заразено со ковид-19. Тоа последните денови било во тешка состојба и било приклучено на респиратор, потврдено е од Универзитетската детска клиника, јавуваат српските медиуми.

Новороденчето кое имаше само девет дена, претходно, во многу тешка сосојба било префрлено на Универзитетската детска клиника Тиршова од Универзитетскиот клинички центар.

Новороденчото од Крагуевац, кое се роди позитивно на ковид-19 и заврши на респиратор, во изминатите денови било во тешка состојба.

Директорката на клиниката за педијатрија во Крагуевац Анѓелка Стојкович изјавила утринава дека новороденчето било префрлено во Белград за да ја добие адекватна терапија. Имало цитокинска бура и белодробна хиптертензија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.