Голем пожар избувнал во престолнината на Бангладеш, Дака. Загинале најмалку 70 луѓе, а меѓу жртвите се и гостите на венчавка, случајни минувачи, гости во ресторанот.

Пожарот избувнал во приземјето на зградата каде што имало магацин со запаливи материи. Огнот брзо се проширил и на околните згради. Пожарникарите се борели повеќе од пет часа со огнената стихија.

Инаку, во сиромашниот Бангладаш не се почитуваат безбедносните процедури во зградите, па секоја година во разни несреќи гинат по стотици луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.