Во тетовското основно училиште „Наум Фрашери“ и во кумановското „Браќа Миладиновци“ се отворени инклузивни игралишта со кои се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Инклузивните игралишта се дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Цел на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Во моментов е активен повик кој е достапен на веб страната на Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

Со овие активности проектот заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

Ова се дел од успешните проектни активности:

– 464 ученици со попреченост се стипендисти на проектот и добиваат месечни стипендии
– 287 наставници и претставници на стручните служби ги подобрија своите знаења за инклузивно образование, диференцирана настава и работа со различни типови на попреченост
– опремени се и ставени во функција, сензорни соби во пет училишта, поставени се шест инклузивни игралишта во училишни дворови и доделена е асистивна технологија на четири училишта
– обезбедена е туторска поддршка за учениците стипендисти

-реализирани е кампања за подигање на јавната свест за важноста од инклузивно образование.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.