Еден од најдобрите српски кошаркари, Милош Теодосиќ, за националната телевизија за прв пат открил детали за својот брак и за тоа колку ќеркичката Петра му го променила животот.

Со својата сопруга Елисавета тој се венчаше минатата година, а на почетокот на 2019 тие станаа родители.

Секогаш се трудам да помогнам. Не се жалам и навистина уживам во улогата на татко. Не ми е лесно да променам пелена и ноче ретко се будам. Обично тоа го прави Елисавета, изјавил Теодосиќ за РТС.

Тој додал дека неговата сопруга „во мираз“ го донела и нејзиното куче, а тој иако во минатото имал страв од кучиња, сега не му смета ниту да спие со него во кревет.

Ја добив Лубица во мираз, а интересно е тоа што иако порано се плашев од кучиња, сега не ми смета ниту кога се качува со нас во кревет, додал тој.

Теодосиќ додал и дека со Елисавета се запознал по негова иницијатива откако кај свој пријател се распрашал за неа, по што дошле во контакт.

 

View this post on Instagram

 

1❤️ #anniversary

A post shared by Miloš Teodosić (@milosteodosic4) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.