Секоја држава има интересен начин на прослава на Новата година, за кој се верува дека во наредните 365 дена ќе донесе голема среќа.
Еве неколку од најчудните обичаи од светските меридијани за Нова година:
-Во некои земји на Јужна Америка се верува дека долната облека во боја ја одредува вашата судбина во новата година. Така, на пример, ако е црвена, значи дека ќе пронајдете љубов, златото означува здравје, додека белото е симбол на мир.

– Во Колумбија на 31 декември луѓето носат куфери, со надеж дека во новата година често ќе патуваат.

– Во Еквадор, Новата година се прославува со палење страшила на полноќ. Исто така се палат и фотографии од изминатата година, бидејќи се верува дека тоа носи среќа.
– Во Панама, исто така, најпрво се прават кукли слични на луѓето, а потоа се палат за среќа.

– Во Боливија постои обичај сличен на нашиот со паричка во лепче на Бадник. Тука паричка се става во торта и се верува дека оној што ќе ја најде ќе има среќа во новата година.

– На Филипините се верува дека сѐ треба да биде тркалезно, бидејќи тоа потсетува на монетите и е симбол на богатство.

– Во Перу на фестивалот „Таканакуј“ секој 31 декември жителите на едно село се удираат со тупаници за да ги решат недоразбирањата. Така, во новата година влегуваат со израмнети сметки.

– Во некои делови на Порторико низ прозорец се фрлаат кофи со вода, бидејќи се верува дека тоа ги брка злите духови.
– Во Чиле луѓето ја минуваат ноќта на гробишта, за да бидат со драгите лица што починале.

– На Тајланд луѓето на Нова година се полеваат со кофи со вода, трчаат наоколу и се мачкаат со пудра.
– Во Јапонија ѕвоната ѕвонат 108 пати заради будистичкото верување дека тоа донесува среќа. Исто така се верува дека во новогодишната ноќ цело време морате да се смеете за наредната година да ви биде радосна.

– Во некои делови на Јужна Африка луѓето фрлаат делови од мебел низ прозорец.
– Во североисточните гранични предели во Индија, племињата Нага на 31 декември уживаат во специјален деликатес приготвен од месо на диви птици. Жителите на северните држави Манипур и Нагаланд, со овој ритуал го прославуваат почетокот на зимската празнична сезона.

– Во Данска се кршат чинии на куќниот праг секој 31 декември. Се верува дека овој обичај симболизира богат друштвен живот и многу пријатели. Исто така, Данците скокаат од столови, за да можат навистина да „скокнат“ во Новата година.
– Во Шпанија на полноќ, кога часовникот ќе отчука 12, се јадат 12 зрна грозје, и тоа така што на секое отчукување се јаде по едно зрно. Тоа ги симболизира 12-те месеци во годината, па затоа се верува дека секое изедено зрно ќе обезбеди среќа во текот на целата година.

– Во Швајцарија владее чуден обичај, бидејќи Новата година се прославува така што се фрла сладолед на подот.
– Во Романија се фрлаат во реките парички за среќа.
– Во Белгија фармерите имаат чуден обичај на кравите да им честитаат Нова година.
– Во Франција на Нова година секое семејство приготвува палачинки.
– Во Ирска се фрлаат резанки леб по ѕидовите, бидејќи се верува дека тоа ги растерува лошите духови.

– Во Шкотска се верува дека првата личност што во Новата година ќе биде гостин на некое семејство треба да донесе подарок.
– Во Сибир луѓето на Нова година скокаат во замрзнатите езера.
– Во Естонија на 31 декември луѓето јадат по седум пати на ден, зашто се верува дека така во новата година ќе имаат храна во изобилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.