Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните медиуми. Криминалната група ги лажела семејствата на починатите дека органите ги користат за да им помогнат на болните луѓе на кои им е потребна трансплантација, објави „Би-би-си“.

Истрагата утврди дека меѓу 2017 и 2018 година тие отстраниле црн дроб и бубрези од 11 лица во болниците во провинцијата Анхуи.

Во Кина има многу луѓе на списокот на чекање за органи, и на државата и е тешко да најде доброволни донори, додава „Би-би-си“.

Според извештаите на локалните медиуми, со трговијата со органи се занимавале четворица високо рангирани лекари, кои работеле во одделот за донирање органи во болници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.