Агенцијата за промоција и поддршка на туризам паралелно е на интернационалите саеми во Истанбул и Љубљана, каде го промовира туристичкиот потенцијал на државата заедно со приватниот сектор.
На „Алпе Адриа“ во Љубљана заедно со Аурора турс и Експириенс балканс се работи на проширување на можностите за соработката со словенските тур-оператори, додека на саемот во Истанбул вмрежувањето и соработката е заедно со туроператорите Фибула, Бадемтур, Вардар Експрес, Хотел Парк, Њустар хотел, Карачи турс, Енџој Балканс и ДМС турс.
Интересот за природните убавини и културни знаменитости во Македонија, како и гостопримството и гастрономијата го разбудија интересот за посета на нашата држава, а дополнително со дел од балканские земји се разговараше и за задника промоција на трети пазари како и промоција на балкански тури.

Според директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски авантуристичките форми на туризам, гастрономијата, еко туризамот и воопшто, руралниот туризам се магнет за посета на голем број словенски туристи во текот на целата година.

Минатата година заврши со раст на словенечките туристи кои повторно открија нови атракции, искуства и пријателства кај нас. Се надеваме дека многу брзо ќе се воспостави директна линија Љубљана- Скопје и ќе се потрудиме да ги поврземе дестинациите со чартер летови, вели Јаневски.

Промоцијата на македонските дестинации на интернационалните саеми за туризам во Словенија и Турција несомнено ќе го зголеми порастот на бројот на туристи од овие земји, но она што е многу извесно е дека ќе се постигне и зголемување на бројот на ноќевања, а со тоа и продолжување на сезоната.

Двата туристички пазари се многу значајни за македоснкиот туристички сектор поради континуитетот на нивниот раст и зголемувањето на туристичките атракции за кои се заинтересирани кај нас. Турскиот пазар, како прв емитивен пазар, во 2020-та година очекуваме да продолжи со раст бидејќи почнуваат нови чартер линии да летаат од Измир за Скопје и Охрид два до три пати во неделата во текот на летниот период што претставува поврзување на дестинациите, зголемување на туристите и бројот на ноќевања. Продолжува тенденцијата Македонија да се промовира како дестинација за неколкудневен престој со што ќе се овозможи згоелмување на просечниот престој на турските туристи. Ова даде ефект во 2019та година, а успешно продолжуваме со таа стратегија во 2020та година. Очекувам 2020тата година да не посетат повеќе од 130 000 турски туристи-изјави г-дин Љупчо Јаневски, Директор на АППТ.
Турција е традиционален и најголем пазар за нашата држава, а ова 24то издание на најголемиот настан во туристичката индустрија во регионов се очекува да привлече 60.000 професионалци и ентузијасти од 94 земји во светот кои имаат можност да се вмрежат со 1200 туроператори и туристички агенции, додека саемот во Љубљана оваа, 10-та година по ред го стави фокусот на гастрономијата и заедно со 13 други земји и 500 егзибитори ги презентираше трендовите во гастрономски туризам, кампинг и културен туризам.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.