Австриските медиуми денеска известуваат за случај на кафуле во местото Стробл на езерото Волфгангсе во покраината Салцбург, чии сопственици решиле да послужуваат само гости кои не се вакцинирани против корона вирусот.

На прашањето зошто вакцинираните не се добродојдени, сопственичката на малото кафуле што е во рамки на нејзината био-продавница, не сакала да одговори, пренесува Феникс магазин.

Таа не одговорила не само на медиумите, како на пример на австриското радио и ТВ ОРФ, туку и на градоначалникот, на службените лица од општината и на туристичките работници во Стробл.

Само можеш да се смееш и да апелираш на луѓето да не одат таму. Тоа не одговара на нашите насоки“, коментирал градоначалникот на Стробл, Јозеф Веикингер, кој сепак додал дека постапката на сопственичката „не е противправна“, пренесува Индекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.