Овој месец се слави Свети Никола, најчестата слава во Македонија. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

На 19 декември именден разнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Бидејќи во тек е божиќниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок-тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот-треба.

Старите верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, ќе навлечете грев на куќата и на домашните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.