Регионалната влада на шпанската престолнина Мадрид го зголеми бројот на области кои се под делумна блокада од 37 на 45 здравствени области во регионот, заради алармантниот број на нови случаи на Ковид-19 во последните неколку дена.

Ваквата одлука ќе погоди повеќе од еден милион луѓе кои ќе бидат под блокада низ целиот регион, соопштија во петокот локалните власти.

Регионот Мадрид, густо населено жариште на вируси, претставува над една третина од приемите во болниците во Шпанија. Вчерашните податоци покажаа дека земјата регистрирала над 10.000 нови позитивни случаи со тренд на пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.