Дијана Родикова од градот Василиков во Украина починала во понеделникот од последиците на корона вирусот и тоа само девет дена откако битката со истата болест ја изгубил нејзиниот сопруг Владимир. Двајцата имале пет деца и биле старатели на уште осум, кои во рок од само неколку дена останаа без двајцата родители.

Владимир почина на 20 март, еден месец пред својот 45-ти роденден. Дијана не знаела дека нејзиниот сопруг починал. Лекарите се плашеле да и кажат, за да не и се влоши состојбата.

Мајка ни прва се разболи на почетокот на месецот. Почна да кашла, крена температура и се жалеше дека нема сила. Три дена потоа и кај тато се појавија истите симптоми. Набргу беа тестирани и за двајцата пристигна истиот резултат. Болниците се толку полни што лекарот рече дека не може да ги хоспитализираат додека сатурацијата не им падне под 80. Дури кога на тато му падна сатурацијата на 79, Итната помош дојде и го зема – раскажува најстарата ќерка Александра, која сега ќе преземе грижа за децата.

Александра вели дека Владимир три дена бил во едно одделение, а потоа го префрлиле на интензивна нега. Три дена подоцна, во болница завршила и нејзината мајка.

Таа вели дека на почетокот мајката болеста ја поминувала полесно од татко и, кој целото време се жалел на огромни болки.

Лекарите рекоа дека тато се борел… Сепак, маската со кислород веќе не помагала. Прво тато го ставија на респиратор, а потоа и мама. На 20 март, точно во 21 часот, тато почна да се гуши. Се пробаа, но немаше спас – вели Александра.

Таа се плашела како нејзината мајка ќе ја поднесе веста за смртта на Владимир, па било договорено ништо да не и кажуваат. И таа се борела со опасната болест, по што одлучиле да ја префрлат во болница во Киев.

За време на транспортот дошло до застој на работата на срцето.

Докторот ме повика и ми рече: „Моли се нејзиното срце повторно да зачука“ – вели Басија Володарскаја, нивната кума.

Таа рсакажува дека Александра чекала пред болницата за да ја донесат мајка и на интензивна нега.

Лекарите цела ноќ се бореле да и го спасат животот. Успеале да и ја подигнат сатурацијата на 90 и да и го стабилизираат притисокот. Ја ставиле во кома и апаратите дишеле место неа, бидејќи нејзините бели дробови веќе не функционирале. За жал тогаш нејзините бубрези почнале да откажуваат.

Докторот ме повика на 28 март и рече дека има пет отсто шанси да се извлече. Рече да очекуваме лоши вести за време на вечерта. Плачев цело време. Тој ден некако го избуткав. Се слушнав со лекарите еден час после полноќ, но сатурацијата и паѓаше, како и притисокот – раскажува Басија.

Утрото на 29 март и срцето на Дијана престанало да чука.

Додека Владимир и Дијана се бореле за живот, 11 деца од нивниот дом биле сместени во Домот за деца без родители. На нив им било соопштено дека нивниот татко умрел, но децата се надевале дека барем Дијана ќе се извлече. Никој немал срце да им каже дека и таа е во многу лоша состојба.

За жал, едно од девојчињата на Фејсбук прочитало статус на пријателка на нејзината мајка и сфатила дека таа починала. На крајот на сите морало да им се соопшти вистината.

Кога стигнавме во Центарот за социјална работа сите веќе плачеа. Знаеа дека веќе ги нема. Веднаш прашаа што ќе биде со нив. Најстарата ќерка Александра има 21 година и е венчана, па сака да ја преземе грижата за нив, но сакаат да и доверат само три деца, нејзините биолошки сестри и браќа. Не се знае што ќе биде со останатите – вели кумата.

Кумата вели дека проблемот е и во куќата, бидејќи Владимир избегал од Донецк и неговата куќа е уништена за време на конфликтот. Куќата во Василиков каде фамилијата живеела и припаѓа на државата и им е дадена на користење.

Кумата вели дека набргу ќе почне хуманитарна акција за да им обезбеди на децата покрив над главите. Александра се надева дека ќе успее да ги задржи сите браќа и сестри, како и децата на кои нејзините родители им беа старатели. Сега им претстои сериозна битка, но таа не планира да се откаже од децата.

Преземено од Телеграф.рс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.