Откако снимката на момче од Ужице како излегува од стан во Будва низ балкон го обиколу Балканот, многумина се посомневаа дека за непланираното напуштање на станот заслужно е враќањето на мажот на дамата со која ја минало ноќта.

Регионот го нарече српскиот пвалер, а спрски Блиц пишува дека во тоа има и малку вистина.

Наводно момчето било пијано и во друштво на неколку девојки кога одлучило да го заклучи станот и клучот да го фрли низ прозорецот. Анонимен извор за Блиц раскажал дека в зори девојките решиле да си тргнат дома и тогаш настанал проблемот.

Кога ужичанецот сфатил што направил, тргнал да скокне од балконот иако девојките го молеле да не го прави тоа. Потоа се спуштил преку терасата во станот под оној во кој биле заклучени. Девојките биле цел час во заклучениот стан, но успеале некако да се отклучат и да си излезат.

Се симнале на долниот кат и ги замолиле соседите да го пуптат момчето кое е на балконот да влезе, но тоа во тој момент скокнало. Го спасила чиста среќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.