Војводата од Сасекс го започна својот последен круг на ангажман како член на кралското семејство. Додека присуствувал на отварањето на фирма за еколошки развој, од делегатите побарал да го викаат „само Хари“.

Пред да се качи на бината, водителката го најавила со овие зборови:

Јасно стави до знаење дека смееме да го викаме само Хари. Па дами и господа, ве молам поздравете го Хари со срдечно, топло, шкотско добредојде!

Хари(35) од Канада во Велика Британија дошол со авион, за на самитот во Шкотска да стигне со воз.

Ова е вторпат Хари да пристуствува на некој настан во име на кралското семејство, откако го напушти кралскотото семејство. Првиот пат тоа го направи за време на Светскиот куп во рагби.

Ова е прв јавен настап на Хари откако тој и Меган го објавија соопштението во кое удираат по кралицата Елизабата бидејќи таа им го ускрати користењето на името Сасекс Ројал, кој беше нивен заштитен бренд.

Со оглед на тоа дека се откажа од семејството, работата и титулата, многумина се прашуваат, што е следно. Што уште Хари е во состојба да направи како би ја докажал својата љубов кон Меган?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.