Апликацијата ТикТок се обидува да го запре ширењето на видео, снимено на Фејсбук во живо, на кое се прикажува самоубиство.

Апликација каде луѓето од целиот свет објавуваат кратки видеа сега ги предупредува корисниците за содржината на видеото за кое станува збор и им забранува на корисниците да го споделуваат.

Видео од самоубиството циркулира во апликацијата од неделата навечер. Нашите системи автоматски ги детектираат и означуваат овие клипови за кршење на нашите политики против содржина што ја прикажуваат, пофалуваат, величат или промовираат самоубиство. Ќе ги блокираме профилите кои постојано се обидуваат да поставуваат клипови и ги цениме членовите на нашата заедница кои пријавиле содржина и ги предупредиле другите да не гледаат, вклучуваат или споделуваат такви видеа на која било платформа поради почит кон лицето и нивното семејство – соопшти за „БазФидЊуз“ портпаролката на ТикТок, Хилари Мекваид.

Видео од самоубиството на Фејсбук во живо беше снимено минатата недела од човек од Мисисипи. Обидите да се спречи ширењето на снимката ги отежнуваат троловите кои вметнуваат делови од тоа видео во други, навидум безопасни видео клипови, обидувајќи се да ги натераат луѓето да видат нечие самоубиство дури и кога тие не сакаат.

Некои корисници на ТикТок снимаат видеа со кои ги предупредуваат другите за снимки од самоубиство, покажувајќи им снимка од брадестиот човек како седи на маса, за да знаат на што да внимаваат.

Ова во никој случај не е првото самоубиство кое се емитува на Фејсбук. Во 2017 година, „БазФидЊуз“ откри најмалку 45 случаи на насилство – самоубиства, пукања, убиства, тортура и злоупотреба на деца – кои се емитувани преку Фејсбук лајв од првото лансирање во декември 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.