Актерката Весна Петрушевска е уште една од низатана јавни личност кои апелираат да се почитуваат мерките на Владата, посебно кога станува збор за децата. Таа посочи пример од вчера, кога во училишен двор во Кисела Вода начекала чопор деца кои си играле „плукање“.

Таа го посочи текстот од епидемиологот и поранешен министер за здравство Драган Даниловски, кој објаснува како децата се најголемите пренесувачи на вирусот.

Ајде да си прочитате зошто треба децата да си седат дома заедно со бабите и дедовците!Вчера одејќи до аптека и назад, школскиот двор на „Златен Сремец“ во Кисела Вода, беше полн со деца, а играта им беше плукање. Мајки со мали деца на воздух си излегле се тарашкаат по клупите, се пентарат по оградите. Колку прекрасно!, напиша Петрушевска на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.