Четириесет и деветгодишната Тами Џонас станала посветен вегетаријанец уште во седумдесетите, кога прочитала книга за тоа како се постапува со животните на фарма. Но, откако забременила со своето трето дете, лекарите ја предупредиле дека има сериозна анемија и мора да го промени начинот на живот. Дента го пробала првиот бургер по децении нејадење на месо.

Денеска Џонас има фарма за свињи.

Оваа Австралијанка вели дека по првиот бургер решила да јаде месо еднаш месечно додека е бремена, но набрзо заедно со нејзиниот сопруг сфатиле дека од сточарство може да заработваат за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.