Православните верници вчера го чествуваа воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот.

Според народните верувања, каков е биде денот на овој празник таква ќе биде и наредната година.

Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.

Според тоа, нас нѐ очекува загадена 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.